Државното првенсто во вело-крос по трката во Битола, пред две седмици продолжи денес во Кичево, каде учествуваа велосипедисти од сите клубови од државата.
Битолскиот клуб “15. Мај“ и на оваа трка броеше десетина велосипедисти кои одлично се претставија.
Во категоријата мастерс на вело-кросот најдобри беа битолчани кои убедливо ги освоија првите три места.
Најдобар беше Влатко Гецовски, второпласиран Миле Стојановски, а на трето место се пласира Љупчо Глигоровски, сите од “15. Мај“.
-Имавме дестина велосипедисти, повозрасните кои се пример за помладите повторно се на врвот, а со оглед на тоа како тренираат и помладите треба да ги видиме на некоја следна трка на победничкиот пиедистал, вели Африм Јусуфи, претседател на велосипедскиот клуб “15. Мај“ од Битола.

Битолчани во мастерс, најдобри на вело-кросот во Кичево (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола
- КК Пелистер започна со продажба на сезонски влезници





