Press "Enter" to skip to content

Победа на Топ гол на гостувањето во Велес

Борец – Топ Гол 0:7 (0:2)

Сениорската женска екипа на Топ гол во рамките на 15 коло од ПФЛ жени оствари нова победа во гости над екипата на ЖФК Борец. Натпреварот кој се одигра на градскиот стадион во Велес, битолчанки со конечен резултат од 7:0 полувреме (2:0) прокнижија нови три бодана своето бодовно салдо.

Головите за Топ гол ги постигнаа Гелевска, Нешковска и Бумбаровска по еден, а двојни стрелци на овој натпревар беа Јанковска и Николовска.

-Честитики на моите фудбалерки за одличната игра и новата победа оваа фудбалска пролет. Имавме контрола на играта за врема на целиот натпревар и создадовме многу шанси за гол. Во овој натпревар му дадов шанса и на помладите фудбалерки кои полека се наметнуваат во првиот состав. Честитки и за младата екипа од Велес за фер-плеј односот за време на целиот напревар, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.

За Топ гол настапија: Салиевска, Бумбаровска, Размовска, Нешковска, Гоцевска, Јанкоска, Перовска, Талевска, Гелевска, Јанковска и Миленковска уште играа Ѓоргијева, Крбалевска, Митаноска, Николовска, Стојчевска, Салиевска и Пецаковска.

Оваа среда екипата на Топ гол му гостува на екипата на ЖФК Тетово во рамките ¼ финалето од Нациналниот фудбалски куп.

More from СпортMore posts in Спорт »