Викендов во спортската сала во Медицинското училиште се одиграа два натпревари на сениорската и кадетската екипа против екипите на Работнички. Сениорките со преполовен состав одбојкарки се поразени, а кадетките победија.
Во втората фаза, во разигрувањето во 5. коло сениорската екипа на Пелистер Волеј е поразена од Работнички со 0:3, по сетови 10:25, 10:25, 14:25.
-Со преполовен состав, без три стандардни играчи не можевме да парираме на Работнички Скопје. Бевме совладани со 3:0, а шанса добија играчи од помладите категории, на кои ова им е одлиќно искуство, како треба да играат против поквалитетни од нас екипи. Немам замерки на играта, иако сметам дека младите имаа потенцијал и во некои фази од натпреварот, поради неискусството и страв требаше да играат по храбро и да поентираат, вели тренерот Роберт Митковски.
Наредниот ден, во неделата, се одигра првото 1/4 финале од кадетската лига, а кадетките со 3:2 ја победија екипата на Работнички Жени. По сетови резултатот беше: 18:25, 26:24, 25:17, 16:25, 15:08.
-Како и очекувавме така и се одвиваше натпреварот, тешко и исрпувачки за нашата кадетска екипа. Работнички е добра екипа, но во Битола беа поразени. Првиот сет, беше за готинките, потоа се вративме во огра и дојдовме со 2:1. Работнички израмнија на 2:2, а во последниот сет ја заверивме победата, која е повеќе од заслужна, вели тренерот, Александат Темековски.

Победа на кадетките, пораз на сениорките, од екипите на Работнички (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- Пелистер во 92. минута освои бод за опстанок кај Работнички!
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив





