Press "Enter" to skip to content

Вардар и Металург против битолските екипи во првото коло, викендов нема плеј-оф ракомет за битолчани

Екипите на Еурофарм Работник и Пелистер во првото коло од плеј-офот за противници ги добија екипите на Вардар и Металург, одлучи жребката која денес беше извлечена за распоредот на екипите во плеј-офот.

Екипата на Еурофарм Работник ќе игра против екипата на Вардар во Битола, а Пелистер ќе гостува во Автокоманда против екипата на Металург.

Битолските екипи ќе го одложат првото коло, бидејќи Еурофарм Работник во недела ја пречекува во Битола екипата на Хановер во рамките на групната фаза од ЕХФ купот, а најверојатно и Металург ќе побара одлагање на натпеварот со Пелистер.

Останати две екипи во плеј-офот се екипите на Пролет и Бутел.

More from СпортMore posts in Спорт »