Билетите за натпреварот од Б групата на ЕХФ Купот против екипата на Хановер, Германија, кој се игра в недела на 24 март во 19:00 часот веќе се во продажба . Билетите по цена од 150 денари ќе може да се купат на три продажни места во Битола: Тобако Вагабонд – Brothers tobacco (Широк Сокак), Тобако Снеки нова (градско шеталиште) и Тобако All in one (новиот пазар).
РК Еурофарм Работник ве информира дека отворена е можноста за апликации за акредитации за претстојниот натпревар од четвртото коло од Б групата на ЕХФ Купот меѓу Еурофарм Работник и Хановер, кој ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола на ден 24.03.2019 година со почеток од 19:00 часот. Апликациите можете да ги испраќате на следнава електронска адреса: press@rkeurofarmrabotnik.com.а рокот за аплицирање е до 22.03.2018 (петок).






