Press "Enter" to skip to content

Прес-конференција на Еурофарм Работник-најава за натпреварот против Хановер (фото)

Ракометарите на Еурофарм Работник в недела ќе го играат натпреварот против германската екипа, бундеслигашот,  Хановер. Овој натпревар кој ќе биде само за престиж, бидејќи двете екипи не се во игра за првото место во “Б“ групата, беше повод за денешната прес-конференција на која зборуваа тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски и голманот Чаневски.

Алушевски на прес-конференција го најави последниот европски домашен натпревар и рече:-Поминаа три недели од последниот европски натпревар против екипата на Нексе, и во недела противник ќе ни биде екипата на Хановер, која е фаворит. Од една страна ги имаме Германците кои играат сериозни натпревари во лигата, а ние игравме лесни домашни натпревари. Дали “одморот“ кој го имавме и мини подготвоките ќе бидат предност за нас ќе водиме, но кога сме кај тимот ќе кажам дека сме со неиграњето на Стјепановиќ, кој се повреди со Нексе и нема да настапи, а кај Хановер повредениот Атман се враќа во тимот на Хановер и неговото враќање очекувам да биде единствена измена од првиот натпревар во февруари. Нашата шанса може да ни биде тоа што имаат доста повредени ракометари. Се надевам на позитивен резултат, направивме доста анализи на играта кај нив, а кај поставовме некои нови принципи во играта кои мора да ги почитуваме. Посакувам полни трибини, одлична атмосфера и би ги поканил сите битилчани кои го сакаат ракометот да бидат в недела во салата.

Голманот на Еурофарм Раборник, Градимир Чанески е оптимист дека Хановер може да падне во Битола.-За разлика од првиот натпревар многу работи се сменија во нашиот тим. Имаме нов тренер, напорно работиме и верувам дека подготвени ќе го дочекаме натпреварот со Хановер. Ги повикувам навивачите да ни дадат поддршка да се обидеме да го изненадиме бундеслигашот, изјави Чанески. 

Делегацијата на Хановер денес пристигнува во Скопје, утре нема тренира во „Боро Чурлевски“ во Битола, туку во недела наутро.

More from СпортMore posts in Спорт »