Press "Enter" to skip to content

Голем пресврт на Топ Гол, од 0:3 во првото-до 4:3 во второто полувреме

Топ Гол – Тетово 4:3 (0:3)

Нова победа на сениорската женска екипа на Топ гол во рамките на 16 коло од ПМФЛ-жени. Во натпреварот кој се одигра на фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола пред околу 100 гледачи битолчанки со конечен резултат од 4:3 ја совладаа екипата на ЖФК Тетово 2017.

На полувреме Топ гол имаше негатива од три гола, но во вториот период направи комплетен пресврт на резултатот.

-Две различни полувремиња, првото полувреме му припадна на гостите кои многу лесно направија водство од три разлика. Влеговме опуштено во натпреварот и тоа скапо го плативме. На паузата се консолидиравме, мотивиравме и фуриозно влеговме како нова екипа. За само 15 минути успеавме да изедначиме. Наметнавме силно темпо и успеваме да постигниме и победоносен гол. Честитки за двете екипи за овој крајно неизвесен и динамичен натпревар. Вакви натпревари се вистинско уживање за гледачите на женската фудбалска лига, зјави Кире Грбевски, тренерот на Топ гол.

Головите за Топ гол ги постигнаа: Гелевска во 46, Петровска во 53 и Бумбаровска во 57 и 67 минута. 

За битолската екипа настапија: Салиевска , Крбалевска, Бумбаровска, Размовска, Нешковска, Гоцевска, Јанкоска, Петровска, Гелевска, Јанковска и Милекова уште играа Талевска, Николовска, Стојчевска и Митаноска.

Следниот натпревар екипата на Топ гол им гостува на екипата на Плачковица во рамките на 17 коло од ПФЛ за жени.

More from СпортMore posts in Спорт »