Press "Enter" to skip to content

Фото вест: со жардинери, клупи и друга урбана опрема се разубавува новата пешачка зона

Екипи на јавното претријатие “Комуналец“ започнаа со разубавување на новата пешачка зона, која се наоѓа на “Булеварот 1-Мај“, на потегот од Безистенот до Ленски мост.

Деновиве започна поставувањето на урбаната опрема, жардинери, клупи, а поради поголема безбесност  на минувачите веќе се поставуваат столбчиња кои се поврзани со дебел синџир.Со оваа урбана опрема, улицата, која сега е пешачка зона, ќе добие нов лик и ќе биде препознатлива во централниот дел.

Инаку, улицата беше целосно реконструирана минатата година, а нејзиното затворање за сообраќај наиде на одобрување на сите кои имаат дуќани во тој дел на чаршијата. 

Сега по позитивните реакции и  дуќанџиите од другата страна на Драгорот, бараат и тој дел да се направи пешачка зона, бидејќи како велат имаат проблеми со непрописно паркираните возила, а тоа на нивните муштерии им предизвикува потешкотии при посетата на дуќаните.