Press "Enter" to skip to content

Смена во ОО на СДСМ – Битола, Менде Тасевски нов претседател на местото на Васко Ковачевски

Со одлука на претседателот на Социјал демократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, синоќа за нов претседател на ОО на СДСМ Битола е назначен Менде Тасевски.

Оваа одлука на претседателот Заев доаѓа откако пред некое време најави дека ќе има промени во локалните партиски организации, а Битола прва доби нов локален лидер.

Менде Тасевски е долгогодишен активист на СДСМ во Битола, еден мандат бил советник во Советот на Општина Битола од 2009 до 2013 година, а на два пати бил претседател на изборниот штаб во Битола, а на таа функција беше и на последните локални избори.

Тасевски доаѓа не место на Васко Ковачевски, кој беше на чело на битолската организација осум години, од летото 2009 година.

More from ВестиMore posts in Вести »