Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник утре против Татабања ги завршува европските настапи

Денес екипата на Еурофарм Работник отпатува за Унгарија, а утре со почеток во 15 часот, против екипата на Татабања, го играат последниот меч во ЕХФ Купот. Оваа средна ќе биде во рамките на последното 6. коло од групата “Б“ од ЕХФ купот, каде настапуваше и Еурофарм.

По пет кола битолската екипа има само една победа над екипата на Нексе во Битола, а од Татабања доживеа пораз во Битола.

Кипарските судии Јоргос Панајидис и Маркос Андреу ќе го судат дуелот во Унгарија.

На македонското првенство, во плеј-офот Еурофарм, му се враќа на 4 април против екипата на Металург, која ќе му биде и конкурент за втотото место, кое носи пласман и во СЕХА лигата.

More from СпортMore posts in Спорт »