Press "Enter" to skip to content

Од готово-вересија, Охрид му врати на Пелистер за поразот во Охрид (фотогалерија-

Пелистер – Охрид 77:80

Спортска сала “Боро Чурлевски“, гледачи 300

Судии: Милојевиќ. Мијалковски и Јакимовски

Пелистер: Давков 12, Голубовиќ 2, Харис 8, Билер 30, Арсовски 7, Захариевски 2, Атанасовски, Трајковски, Трсунов, Обедниковски 3, Ѓоргиевски, Богдановски 7.

Охрид: Коскоски, Андреевиќ 18, Доневски 10, Младеновиќ 4, Декаловиќ 16, Ценовски 5, Атанасов 15, Зафиров, Милојевиќ 10, Бојоски 2, Димитриев, Кузмановски.Од готово вересија направија кошаркарите на Пелистер, во рамките на 22. коло кога по водството од +13, на крајот на третата четвртина, во последната им дозволија на охриѓани во последната четвртина да се доближат, а во последните две минути да постигнат 9 поени, а “пелистерци“ ниту еден. Инаку, првиот дел мина во изедначена игра, а на одмор зе отиде со 36:36, што и беше одраз на играта на двата тима.Третата четвртина беше најдобра на “пелистерци“ одиграа одлично во одбраната, а беа прецизни во нападот и дојдоа до највисоки +13 (58:45), а на стартот кошаркарите на Охрид направија 1:11, и израмнија на 64:64.Потоа Пелистер дојде до +4, а на само една минута до крајот гостите повторно израмнија на 77:77, со сероја 0:6, а до победата по неколку груби технички грешки и по промашувања од неизградени позиции на само 19 до крајот со тројка Охрид поведе со 77:80. До крајот шутираше Харис, но како и претходно Билер, промаши.

More from СпортMore posts in Спорт »