Press "Enter" to skip to content

Пелистер како третопласиран влегува во третиот круг од Втората лига

Фудбалерите на Пелистер двата круга во Втората фудбалска лига – запад, по 18 одиграни кола завршија на третото место од каде и го започнуваат третиот круг, разигрувањето, односно, во решавачкиот круг, за тоа кој ќе биде нов директен прволигаш, кој ќе игра бараж, а кој ќе испадне.Лидер на табелата по 18 кола е Струга трим Љум со 34 бода, а според тоа како е распоредот на табелата екипата на Пелистер, ќе го “брка“ второто место, за пласман во Прва лига, заедно со екипите на Лабуништа со 28 бода и Гостивар и Скопје кои имаат по 26 бода, исто колку и екипата на Пелистер.

Натпреварите од продолженито на Втората лига – запад, продолжуваат утре, а Пелистер во Битола, на градскиот стадион под Тумбекафе ја пречекува екипата на Тетекс, во рамките на 19. коло.

 

More from СпортMore posts in Спорт »