Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј во Ф4 во младинска конкуренција (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Бами Кор (3:0) (25:16, 31:29, 25:08)Трета година со ред младинската екипа на одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј се пласира во завршницата Ф4 (фајнал фор), откако во реванш натпреварот во Битола, во салата на медицинското училиште ја совладаа убедливо со 3:0 по сетови, екипата на Бами Кор од Тетово.Во трите сета екипата на Пелистер Волеј беше убедливо подобра, со што ја докажа судиската неправда, која ја доживеа во Тетово на првиот натпревар, кога беа поразени со 2:3. По пласманот во завршницата тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски рече:-По незаслужениот поразот од 2:3 во Тетово на првиот натпревар, на реваншот девојките одиграа маестрално, онака како што му доликува на екипа која претендира да биди меѓу најдобрите, а за играта по сетови вели:-Во првиот сет се играше поен за поен, се до 10:10, по што Пелистер се одлепи на сигурна предност од 6-7 поени и рутински го доби првиот сет со 25:16. Вториот сет до средината не навестуваше неизвесна завршница, а Пелистер Волеј имаше водство и од 19:13 па по малото опуштање сами си ја закомпликувавме ситуацијата и гостите стигнаа до 20:20. Дури и екипата на Бами Кор прва стигна до сет поен при резултат 25:24. Но, Пелистер Волеј покажа дека е далеку поискусна екипа и сетот го доби со 31:29. Во третиот сет го декласиравме противникот и му дозволивме само 8 поени, па покажавме кој е кој во оваа 1/4 финална пресметка.Екипата на Пелистер Волеј освои 58 директни поени, 35 од напад, а имавме и 17 АС сервиси и 6 директни поени од блок.Поените ги освоија: Симона Стојановска 19, Софија Петличковска 11, Сара Димовска 9
Ева Трпеновска 9, Ивона Димитриевска 4, Матеја Марковска 4 и Изабела Димовска 2.И на овој натпревар екипата на Пелистер Волеј ја имаше поддршката од трибините што му даде поголем мотив за игра.

More from СпортMore posts in Спорт »