Press "Enter" to skip to content

Дедо мраз ги израдува и им подари подароци на дечиња од неколку институции во Битола

Градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес предновогодишно посети повеќе институции, каде со новогодишни подароци, заедно со Дедо Мраз ги израдуваa децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас, децата од дневниот центар за деца со посебни потреби, децата од домот за доенчиња и мали деца, како и учениците од посебните паралелки во ОУ “Ѓорѓи Сугарев“. 

пштина Битола во соработка со невладината организација „Баирска светлина“ и ЗГ „Сумнал“, денеска обезбеди новогодишни подароци и за децата со кои работат овие организации.

-По повод Новогодишните и Божиќните празници, денес и вчера ги посетуваме сите институции каде што се сместени дечиња во нашиот град. Ова е празник кој отсекогаш со себе носел и ќе носи магија, можност во која можеме да внесеме радост во детските срца, затоа што Дедо Мраз и магијата која тој ја носи, особено ги возбудува и им значи. Би сакала на сите да им посакам: добро здравје, да бидат весели, а овој ден да биде само наше потсетување дека е единствен, а наша должност е колку можеме повеќе да внесуваме магија во нивните животи, изјави градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Попладнево градоначалничката на општина Битола ќе ги посети и членовите на Здружението за церебрална парализа.

More from ВестиMore posts in Вести »