Press "Enter" to skip to content

Победа на кошаркарите на Пелистер во плеј-аут лигата

Пелистер – Вардар 81:74

Во првото коло од плеј-аут лигата, кошаркарите на Пелистер ја забележаа првата победа над екипата на Вардар, со резултат 81:74, а малкубројната публика гледаше интересен натпревар во спортската сала “Боро Чурлевски“. 

Екипата на Пелистер уште на почетокот најави дека повеќе ја посакува победата, а одржуваше и минимална предност. 

Најинтересна беше завршницата од натпреварот кога на само две минути гостите се доближија на само поен 75:74. Во последните две минити “пелистерци“ ја потврдија победата со кошевите на Харис и Арсовски, за конечни 81:74.

Во екипата на Пелистер најефикасен Билер со 23 поени, а само еден поен помалку запиша капитенот, Мико Голубовиќ.

Во следното коло Пелистер му гостува на Охрид и има шанса да му врати на охриѓани за поразот во Битола во последното коло од регуларниот дел од лигата.

More from СпортMore posts in Спорт »