Press "Enter" to skip to content

Победи на младинките и кадетките на ЖФК Топ Гол

Младинската и кадетската женска екипа на Топ гол издвојуваа нови победи во рамките на 7. коло од младинското и кадетско натпреварување.

Кадетките на фудбалското игралиште во Кавадарци против своите врснички од жфк Габер издвојуваа победа со конечен резултат од 1:0, додека младинките против своите врснички издвојуваа победа од 4:1.

Голот за кадетките на Топ гол го постигна Сандра Триста, а додека за младинките голови постигна Стефани Ковачева и хет-трик Јована Николовска. Единствениот гол за Габер во младинска категорија го постигна Лазаревска.

За Топ гол во кадетска конкуренција настапија Талевска,Петровска,Триста, Стојчевска, Јовановска, Љондевска,Стојчевска, Јовановска, Марковска, Нешковска и Филиповска.

За Топ гол во младинска конкуренција настапија: Ѓорѓијева, Стојковска, Петровска, Ковачева, Крстевска, Мојсовска, Трајчевска, Нешкковска, Пецаковска, Николовска и Салиевска.

-Едно големо браво за младите фудбалерки од нашиот тим, одигравме два супер натпревари против екипата на Габер. Имаме голем број на талетирани девојки во младинската школа, многу сме посветени во нашата работа со млади категории и во иднина не очекуваат добри резултати.Овој период треба додатно да работиме зошто ќе учествуваме на меѓународен фудбалски турнир, изјави Ана Крбалевска, тренер во Топ гол.

Овој викенд сениорките паузираа во првенството поради настап на “А“ селекцијата , а следното коло го играат градското дербо против Атлетико.

Младинска школа следното коло им гостува на екипата во Тетово.

More from СпортMore posts in Спорт »