Дека Битола и битолчани сакаат квалитетен ракомет покажа и денешната средба која од плеј-офот на Супер ракометна лига помеѓу двете битолски екипи Еурофарм Работник и Пелистер.
Жребката пред стартот на плеј-офот сакаше на оваа средба формален домаќин да биде екипата на Еурофарм Работник, а за брзо време и Пелистер ќе биде формален домаќин.
На трибините беше и навивачката група “Чкембари“ кои придонесоа екипата на Пелистер, во нути еден момент да не се чуствува како гостин, но се покажа и дека и екипата на Еурофарм Работник има своја публика.
Оние неутралните кои дојдоа да гледаат квалитетен ракомет во градската пресметка, а ги имаше многу, не останаа рамнодушни, туку на крај им аплаудираа на двете екипи.
Низ публиката имаше поранешни ракометати, поранешни и сегашни тренери, а радува тоа што има се повеќе и припаднички на понежниот пол, а имаше и родители со деца.
Но, низ фотографиите ви доближуваме како изгледаа трибините во денешното градско дерби.
[ngg src=”galleries” ids=”300″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






