Управата на кошаркарскиот клуб Младост полека ги завршува подготовките за традиционалниот кошаркарски меѓународен турнир кој по 9. пат ќе се организира во Битола.
На турнирот ќе играат натпревари млади кошаркари, родени 2003 до 2009 година, секако распределни во своите категории, во машка и женска конкуренција.
Исто така ќе се одиграат и натпревари во ветерерани над 40 години во машка и женска конкуренција.
Горјан Стојановски вели дека од сите екипи кои се поканети на турнирот, најголем број го потврдиле учеството на турнирот, а тука ќе бидат и пријателските екипи на Младост од Подензано-Италија и Задар Хрватска и од Крушевац-Србија.
Турнирот ќе започне на 4 мај, а ќе се играат натпревари во повеќе спортски сали во Битола.






