Press "Enter" to skip to content

Формиран локалниот, економско-социјален совет на Општина Битола

Локалниот, економско-социјален совет на Општина Битола денес ја одржа првата конститутивна седница на која претставниците го усвоија деловникот за работа и беа избрани претседавачот, заменикот и секретарот, а потоа се разгледуваа планирањата на идни активности во рамките на проектот на Меѓународната организација за труд.

Сите 22 присутни претставници едногласно го прифатија предлогот за претседавач да биде избрана градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, заменик претседавач е избран Ратко Христов, директор на “Сокотаб“, а за секретар претставничката од општинската администрација Виолета Налевска.

На првата Градоначалничката Петровска побара анализа на досегашното функционирање на ЛЕСС-те кои се 15 во државата со цел да се направи споредба и да се искористат позитивните искуства од работата на овие економско-социјални совети.

На оваа седница, Мери Нашоку од МКЦ Битола ги прзентираше целите и активностите на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска кој што има за цел да ги поддржи локалните актери во процесот на зајакнување и развој на ЛЕСС на Општина Битола.

Во рамките на проектот, во текот на 2019 година ќе се реализира Форум на зедницата со цел да се генерираат идеи и приоритети за работа ЛЕСС Битола со сите зинтересирани страни на локално ниво.