Press "Enter" to skip to content

Соопштение СВР Битола: за самоповредувањето на учениците од “Коле Канински“

До Секторот за внатрешни работи- Битола денеска 16.04.2019 од страна на директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола е доставено официјално барање за постапување затоа што, како што е пријавено, кај неколку ученици била забележана појава на самоповредување.

СВР постапува со најголема сериозност по барањето со цел расчистување на овој случај.

Побарана е информација од ЈЗУ Здравствен дом Битола, од каде не известија дека до денеска во нивната здравствена установа не е побарана медицинска интервенција врз пациенти – деца кои имале повреди настанати како резултат на самоповредување.

Во контакт со Клиничка Болница Битола , исто така добивме известување дека во Клиничка Болница Битола во изминатиот период па се до денес 16.04.2019 година не се примени малолетни деца со нанесени повреди по телото поврзани со ваков случај.

Од ЈУМ Центар за социјални работи Битола сме известени дека до денес дошол еден родител, кој побарал институцуионална помош за детето за надминување на проблемите кои се јавиле во однесувањето на детето кое пробало да се самоповреди на раката (настан кој се случил пред Нова година).

Во текот на денешниот ден се јавило на разговор и друго семејство за своето дете кое минатата недела си нанело повреда. Извршен е разговор со директорот на училиштето и прибрани се сите информации за понатамошно постапување и преземање на мерки околу расчистување на случајот. 

Се преземаат координирани активности и мултисекторско постапување со вклучување на стручните педагошки и психолошки служби на училиштата, Центарот за социјални грижи и здравствените институции.