На Факултетот за Биотехнички науки во Битола се одржа предавање на тема „Спортска исхрана за спортисти и рекреативци“, наменето за студентите на УКЛО.
Станува збор за интересно предвање за исхраната, еден од најважните делови од целокупниот комплексен систем за здрав начин на живот и постигнување резултати во спортското и рекреативното вежбање.
Студентите со видлив интерес го следаа излагањето на спортскиот консултант, Николче Костовски посветен на правилната исхрана и здравите биолошки навики.
Со овој настан на УКЛО започна неделата на спортско – рекреативни манифестации за студентите, по повод 40 годишниот јубилеј на Универзитетот. Пригодата беше повод проректорот за студентски работи на УКЛО, проф. д-р Виолета Маневска да најави низа манифестации и активности посветени од и за студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.






