Започна дистрибуцијата на изборниот материјал од печатницата “Киро Дандаро” во Битола до општинските изборни комисии, под силно полициско обезбедување од печатницата “Киро Дандаро“.
Изборниот материјал ќе биде однесен кај 80 општинските изборни комисии за првиот круг од Претседателските избори, а се ќе заврши до крајот на денот.
Директор на печатницата “Киро Дандаро“, Драги Милошевски, која го доби тендерот за печатење на гласачките ливчиња, вели:
-Гласачките ливчињата имаат 21 заштита, а тоа значи дека безбедноста е на највисоко ниво и не е можно да се фалсификува ниту едно ливче. Исто така и оригиналните записници со генерирани податоци за секое избирачко место се направени на заштитна хартија, која не може да се копира.
Инаку, гласачкото ливче го содржи знамето на државата, редните броеви на кандидатите, нивните имиња и презимиња и симболите на политичките партии кои дадоа согласноста за тоа.
Првиот круг од Претседателските избори што ќе се одржи во недела, на 21 април.






