Press "Enter" to skip to content

Фото вест: дожд помешан со сахарска прашина и песок и во Битола

И во Битола е под влијание на влажен бран кој донесе врнежи од дожд, кој поради ветрот се помешани со прашина и со песок, односно дождот е нечист.

Поголемото количество на прашина и песок во дождот се гледа на автомобилите и стаклата кои се преливаат во светло кафаева боја, а поради прашината и ветрот атмосферата, како велат мереоролозите, е “заматена“.Локално врнежите ќе бидат нешто поинтензивни, а од утре се очекува значително затоплување.

Поради променливото време кај метеопатите, поради  биометеоролошките услови кај нас  ќе се појават изразени здравствени проблеми.