Press "Enter" to skip to content

Во пресрет на големиот јубилеј на УКЛО

40 години Универзитет „Св. Климент Охридски“- Битола, Свечена академија на 25 април

За одржаните и активностите кои УКЛО ги организира и во периодот што следува, денеска во Ректоратот на Универзитетот се одржа пресс средба. Медиумската промоција беше во насока на навремено и редовно известување на јавноста по повод чествувањето на јубилејот 40 години УКЛО и во пресрет на Денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола 25 април.Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски  информиораше дека сите преземени настани и активности се одвиваат под мотото: Нашите 40 години. По денешната промоција на 15 нови доктори на науки тој ја најави свечената Академија која ќе се одржи на 25 април.

Академијата ќе биде надополнета со ретроспективна изложба со бројни и несекојдневни артефакти и фотографии кои ќе обезбедат слика за четиридеценискиот развој на УКЛО. Свечената кадем ија која ќе започне во 19 часот покрај уметнички дел ќе биде  збогатена со концерт на Влатко Стефановски.Ректорот проф. д-р Сашо Коруновски истакна дека УКЛО и со други бројни настани, работилници и предавања достоинствено ќе го одбележува својот голем јубилеј.

Посебно место во случувањата ќе има Собирот на студентите од државата на 9 Мај, по повод Денот на европското обединување, што ќе се одржи на педагошкиот факултет.

Претходно УКЛО одржа студентска недела со ораторски натпревар и спортско-рекреативни активности.