Со своите успеси, високи достигнувања и резултати во спортот за кој сеуште постои мислење дека припаѓа на машкиот свет, исполнети со возбуда заради покажаната можност да се сретнат со градоначалничката на Општина Битола, фудбалерките од женскиот фудбалски клуб Топ гол, денеска разговараа со градоначалничката Наташа Петровска на повеќе спортски теми.
Младите фудбалерки ја информираа Петровска за својата досегашна неуморност и успешност и покрај самофинансирачкиот и тежок пат низ кој минуваа во изминатите години. Сепак, спортскиот дух и ентузијазмот, резултираа со издигнување на ЖФК Топ гол на највисоко ниво, притоа овозможувајќи му четири пати да биде младински шампион во Македонија и еднаш финалист на куп на Македонија за жени во сениорска конкуренција.
Заблагодарувајќи и се за поддршката која таа им ја дава, фудбалерките на ЖФК Топ гол, ја информираа Петровска, за најновите предизвици кои се пред нив. Првиот, утре од 16.00 часот на Ќумурното игралиште во Битола, каде Топ гол и Драгон од Скопје ќе играат во полуфиналниот куп на Македонија во фудбал – жени. Вториот предизвик, доаѓа за два дена, така што од редовите на Топ гол, во националната У-17 селекција на Македонија, селектирани се 5 фудбалерки од Битола, кои ја претставуваат Македонија во Италија. Тие ќе играат на развоен фудбалски турнир против националните селекции на Кина, Русија и Италија.
Ваквата ангажираност, посветеност и несебичност на младите фудбалерки кои со себе носат високи достигнувања се причини повеќе, градоначалничката Петровска да даде своја поддршка во понатамошниот развој на младите спортисти, а со тоа и во поттикнувањето на спортскиот дух. Таа на денешниот состанок, нагласи дека квалитетот кој носи видливи резултати, секогаш треба да биде соодветно вреднуван, а токму во таа насока во идниот период ќе се одвива и соработката со Топ гол.

Фудбалерките на Топ гол на средба со градоначалничката (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Одбојкарките на Пелистер Волеј со гостинска победа
- Со сигурна игра Пелистер го победи Куманово во Битола (фотогалерија)
- “Двојката“ со гол на крајот на натпреварот дојде до реми
- Фудбалерите на Пелистер со лесна победа и три бода остануваат во врвот на табелата
- Тренерот Спасев пред натпреварот со Куманово: само фокус и придржувањето до планот за игра низ целиот натпревар





