СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.К. (28) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
На 04.01.2018 година во Битола полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, кој бил заедно со уште две лица, при што пронашле и одзеле марихуана.