Press "Enter" to skip to content

Младите од СДСМ им помогнаа на “часните сестри“ со производи во подготовка на храна за 90 семејства (фото)

Членовите на локалниот клуб на СДММ од Битола денес реализираа голема хуманитарна акција во која беа собрани големи количеста на производи, кои им ги донираа на “часните“ сестри од редот “Св. Винко Паулиски“ од Битола, кои секојдневно подготвуваа храна за сиромашните семејства од Битола.Акцијата се реализира по повикот кој го упатиле од “Св. Винко Паулиски“ до советникот во Советот на општина Битола, кој ги повика младите на ЛК на СДММ – Битола, да се вклучат во акцијата, по повод Велигденските празници.-Овие хуманитарки секој ден им помагаат на најсиромашните граѓани од нашиот град, кои не можат да си ги обезбедат дневните потреби за храна. Тие подготвуваат  храна, која ја делат на нив, а тоа го прават за 90 семејства секој ден. Ние како одговорна младина сакавме да помогнеме во нивната хуманитарна акција и веднаш се организиравме. Собраните производи им ги доставивме во куќата на “часните сестри“ се со цел и оваа категорија на наши граѓани кои доаѓаат тука по храна, да им ги направиме празниците посреќни, а ние да покажеме дека имаме почит и верба во правилните човечки вредности, вели Борче Корлевски.Оваа хуманитарна акција ќе продолжи и утре, бидејќи голем број на битолчани покажаа интерес да помогнат, а поканата за сите битолчани е отворена.