Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево, пред седишето на Општинскиот комитет, оствари посета на Битола, при што се сретна со голем број на граѓани. Мицкоски, заедно со претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Иванчо Тошевски и членот на ИК на партијата-Силвана Ангелевска им се обрати на присутните.Тој пред присутните рече дека власта ги направила луѓето незадоволни и апатични за да бидат незаинтересирани, индиферентни кон болната реалност за да им помине се полесно, но одговорот на таа разочараност е масовноста во вториот круг од изборите и казната која ќе ја испорача народот.Тој потенцираше дека власта ја разочара Битола, но 5. мај е денот кога битолчани ќе ја разочараат власта и уште еднаш побара од присутните поголема масовност за да се избориме заедно за подобар живот, за посилен стандард, за нова надеж, за решенија на проблемите, и за правда и слобода за Македонија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во Битола, оствари средба со граѓани
More from ВестиMore posts in Вести »
- Александар Мирчевски нов директор на ЕСМ Топлификација Битола
- Нов пораз на Еурофарм Пелистер во Лигата на Шампиони
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола