Press "Enter" to skip to content

Лаборантите на “Плодност“ со нови сознанија за лабораториска медицина

На свеченоста по повод 20 години постоење на Здружението на медицински лаборанти при Клинички центар Скопје, учествуваа тројца претставници лаборанти од Болница „Плодност“ Битола – Аце Радовски, Даниел Костески и Марија Класевска.Дополнително, во рамките на овој настан беше одржана едукација за зголемување на знаењата, вештините и квалитетот на лабораториската медицина, за која нашите лаборанти добија соодветни сертификати.

Само со постојана надградба на персоналот на Болница „Плодност“, се добиваат континуирано подобри резултати.Влогот на менаџерскиот тим на болницата, пред се е насочен кон постојана надградба на човечкиот капацитет, а паралелно на тоа се надоградува и техничкиот капацитет на болницата. Рецепт кој со сигурност дава одлични резултати.