Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: нападнато обезбедување од ноќен клуб и нападнато лице кај поштата

На 27.04.2019 година во 01.20 часот Б.С. (38) од Битола, вработен како обезбедување во ноќен клуб, пријавил дека околу 01,00 ч. по претходно недоразбирање од страна на непознато лице бил физички нападнат и удрен со предмет во десната нога од страна на К.С. (21) од Битола. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 27.04.2019 година во 04,40 часот во Полициската станица од Општа надлежност -Битола А.Ц. (22) од Битола, пријавил дека на 27.04.2019 год. околу 00,20 ч. пред градската пошта во Битола бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.