Денеска се навршуваат 18 години од заседата кај Вејце во конфликтот од 2001 година каде загинаа припадниците на безбедносните сили од Битола, Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски.
Делегации се поклонија и положија свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола, споменикот “Ангел“ кај градскиот часовник.
На спомениците подигнати во нивна чест положија цвеќе полициски офицери и службеници, заменик на градоналникот-Емилика Костурска, престедателот на Советот-Валентин Груевски, делегација на полицискиот синдикат, роднини и пријатели на загинатите, претставници на политичките партии на СДСМ – Методија Тасевски, на ВМРО-ДПМНЕ-Силвана Ангелевска, роднини на загинатите бранители, градоначалникот на Новаци…
Сашо Гичевски, еден од преживеаните кај Вејце, на комеморацијата рече:
-Денес е тежок ден, ден кога се сеќавање на загинатите наши другари, колеги, ден на кој ние со посебна жал се сеќавање, ден која ги извлекувавме телата на загинатите полицајци. Но, денес е голем ден, ден Велигден, ден на Христовото Воскресение, па се надевавам дека и моите загинати другари ќе воскрснат.
Масакрот на патот меѓу Селце и Вејце на Попова Шапка, се случи на 28 април 2001 година во 17:45 часот, кога припадници на т.н. ОНА извршија напад врз патролата на безбедносните сили, а беше еден од најкрвавите и најбрутални настани од конфликтот во 2001 година.
[ngg src=”galleries” ids=”319″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






