Press "Enter" to skip to content

Рибарите до “Стрежевско езеро“ по поубав пат, а на брегот со нов летниковец (фото)

ЈП “Стрежево“ деновиве, ја заврши санацијата и рехабилитацијата на пристапниот пат од село Лера до акумулацијата “Стрежево“, а се поправи патот од  информативната табла на спојот со локалниот пат Лера – Доленци до почетокот на рекреативната зона “Акумулација Стрежево“.Санацијата е извршена со сопствена механизација во соработка со здруженијата на риболовци од рекреативниот клуб “Рибар 2011“ од Скопје и членови на ЗРРЕСК “Црна река“ 1929 од Битола. По патот се поставија неколку цевки фи 500 mm на неколку премини и тампон по должината на патот.Со реализација на овој зафат ќе се зголеми безбедноста за месното население, граѓаните, спортистите, екологистите и вработените од претпријатието.Исто така за потребите на р-боловците и рекреативците, јавното претпријатие “Стрежево“ изгради нов летниковец на брегот од “Стрежевската акумулација“, кај селото Лера. каде и завршува пристапниот пат.Празничните денови на задоволство на спортските риболовци и љубителите на природата летниковецот на брегот ги прими првите посетители, на кој се поставени се две маси и четири клупи под летниковецот и една маса со две клупи до акумулацијата. Соѕидан е и сад за отпад каде можи да се смести отпадот без да се загадува околината.

More from ВестиMore posts in Вести »