-Во мојот спортски бележник, помеѓу поинтересните спортски забелешки, кои заслужуваат да се споменат, ќе остане и еден априлски дел, кога во еден ден, се одиграа две битолско-скопски дерби средби, помеѓу фудбалерите и ракометарите на Пелистер – Вардар, раскажува Димче Миновски, доајен на македонското и битолското спортско новинарство.
Спортскиот ден започнал попладне со натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар, на градскиот стадион под Тумбекафе, во фудбалското дерби, а стадионот бил исполнет до последното место. Навивачката група “Чкембари“ имале одлична кореографија во текот на целиот натпревар, а ја имале и поддршката од останатите гледачи.
На тоа вечно дерби на мак-фудбалот присуствувале и “Комитите“ од Скопје, кои биле на малата трибина, која повеќе ја нема, под силно полициско обезедување.
По фудбалското дерби сите се префрлиле на ракометното во спортската сала “Младост“ каде играа Пелистер и Вардар.
-Беше напорен ден, тогаш правев и пренос од фудбалот, а се јавував и од ракометот, но тоа е кога си спортски новивар, мора да се биде на терен, а кога си со Пелистер, нема замор, туку беше уживање да се гледаат и коментираат овие настани, вели Миновски, кој додава:
-Ги немам сега составите на екипите, бидејќи мојата книга за ракометот во Битола веќе е во печат, но според фотографиите кои ги приложувам, ќе забележите дека за Пелистер играа Златко Димитровски и Игор Николовски, а за Вардар Стевче Алушевски и Бранко Ангелевски.

Деновиве пред 10 години: во еден ден, фудбалско и ракометно дерби Пелистер-Вардар (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола





