Заврши регуларниот дел на сезоната 2018/2019 од Првата државна лига во која екипата на Пелистер Волеј оствари историски најдобар успех од своето постоење, во својата третата по ред сезона во Првата државна лига.
-Ние како млад клуб во есенскиот дел од сезоната завршивме на високото 4 место, место кое даваше надеж и за можен плеј-оф. Но, воопшто не сме разочарани и не е никаков неуспех тоа што еве на крајот на сезоната завршуваме како 6-то пласирани, што воедно е наш најдобар пласман во овие 3 сезони, вели тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски.
Пелистер се уште е клуб кој се потпира исклучиво на својот потенцијал и е непресушен извор на нови играчи, за што Митковски додава:
-Фактот што следи смена на генерации, со гордост најавуваме дека и наредната сезона базата ќе ја влечи е од младинските екипи, со одбојкарки од Битола. Горди сме што зад нас има една машинерија од одбојкарки кои неуморно работат и напредуваат и иако ова е можеби најтешкиот пат кој го одбравме, сепак задоволството е огромно што потенцијалот извира од нашиот град, од Битола.
Пелистер Волеј, оваа сезона за прв пат играше и во 1/2 финале за КУП на Македонија.
Младинската и пионерска екипа се во Ф4 и допрва ќе се борат за титула и за медали, а кадетска несреќно не влезе во најдобрите 4 и ќе разигрува за пласман до 5 место.






