Press "Enter" to skip to content

Фото вест: хулиганите не мируваа ни за празникот, откорнат синџирот во влезот на Чаршијата

Вработените во ЈП “Пазари“ на првиот ден по завршувањето на празниците ќе мора да го порправаат металното столбче за големиот синџир кој го спречеува влегувањето на возила во старата битолска чарпија, од страната кај Ат Пазар.Неодговорни граѓани за време на празниците го откорнале забетонираното столбче, од непознати причини, а од ЈП “Пазари“ велат дека иако ова е простор каде има забрана одвивање сообраќај во Старата чаршија, тука секојденевно има возила.

Оваа појава е пријавена во полиција и во Комуналната инспекција на Општина Битола и од “Пазари“ аплериваат да има зачестени контроли.