Press "Enter" to skip to content

Горјан Стојановски: деветто издание на Велигденскиот кошаркарски турнир на КК Младост може и денес да започне

За некој ден ќе започне деветтиот по ред Велигденски кошаркарски турнир во организација на КК Младост, а за тоа до каде се подготовките за турнирот, организаторот, Горјан Стојановски вели:

-Се е подготвено за турнирот кој ќе започне на 4 мај, в сабота, а ние како организатори сме подготвени и денес да започнеме. Но, според календарот, кој ги имаме утврдено, свеченото отворање ќе биде во 16 часот, а потоа ќе следува натпревар помеѓу екипите на Младост и Подензано, за кошаркари родени 2008 година и помали. Инаку ќе се игра во 4 категории во машка и женска конкуренција, плус ветерани над 40 години во машка и женска конкуртенција.

На турнирот ќе настапат екипи од Италија, Хрватска, Бугарија Косово, Албанија и Србија, а за бројот на екипите Стојановски вели:

-Вкупно во сите категории ќе има 26 екипи, а натпреварите ќе се играат во пет спортски сали, “Боро Чурлевски“, “Павел Шатев“, во економско, медицинско и Горната Гимназија. Ќе има доста интересни натпревари, а ова ќе биде тест за сите екипи кои ќе учествуваат да видат до каде се стигнати во однос на другите екипи од регинот. Секако во таа приказна сме и ние како екипа која негува младински категории.

Посебна атракција ќе бидат екипите на ветераните кои ќе учествуваат на турнирот.

-Екипата на ветерани на КК Пелистер е добра екипа и полека ја добива својата препознатливост насекаде каде ќе се појави, а ќе биде еден од фаворите и во Битола. Тука ќе бидат ветераните на Задар, на Лесковац и македонските екипи. За нив е посебно доживување, покрај натпреварите и нивното дружење и сеќавање на некои не така многу долги поминати времиња. Кога сме кај ветераните Мора да се спомене тука името на Пино Ѓерѓа, кој има 81 година, и е легендата на екс ЈУ кошарката, како тренер и кошаркар. Голем е неговиот придонес за развој на кошарката на овие простори, а тука ќе биде и македонското големо кошаркарско име, Стерули Андоновси. Кај екипата на Лесковац носител на ветераните е Горан Вукадоновиќ кој играл во екипите на МЗТ и Работнички, вели Горјан Стојановски, кој додава дека кога сме кај имињата треба да се спомене и Влатко Темесковски, еден од директорите во МКФ кој ќе го отвори турнирот.

Инаку, во сите турнирски денови ќе се одиграат 49 натпревари, а на теренот во сите пет сали ќе се појават 530 учесници. На денот на отворањето на турнирот, вечерта ќе се одржи и свечена вечера во градската кафаеана на хотелот “Епинал“.

Според Стојановски, треба да се спомене и тоа што на сите екипи кои ќе бидат од странство, посебно од Италија и Хрватска, ќе им се овозможи во слободните термини и посета на некои места во Битола и државата.