Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: сообраќајка кај “Макази“, две битолчанки тешко повредени

На 01.05.2019 година во 12.30 часот на крстосницата од магистралниот пат Битола-Ресен со регионален пат Макази-Маркова Нога, кај место викано Макази, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М. (62) од Битола, а сопатници биле Љ.М. (59) и едно лице на возраст од 16 години од Битола и патничко возило „Фолксваген“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(25) од с. Радолишта, струшко, а сопатници биле  Г.М. (21), А.М. (39) и едно лице на возраст од 17 години сите од с.Мислодежда-струшко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Љ.М. и 17 годишната сопатничка, додека останатите лица се здобиле со телесни повреди.

На сите им била укажана помош во Клиничката болница во Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.