Press "Enter" to skip to content

Стрежевската вода стигна до атарот на село Лисолај

После 40 години јавното претпријатие “Стрежево“, денес за прв пат започна со испорака на технолошка вода за наводнување на земјоделски површини во село Лисолај.

За наводнување на овие земјоделските површини е инсталирано полиетиленско црево (Ø225) со должина од 880 метри во ров со пропратна хидромеханичка опрема, а инвестицијата е од сопствени извори на претпријатието во висина од околу 2 000 000 денари, а ќе се наводнуваат дополнителни околу 40 хектари плодна земјоделска површина.-Реализизацијата на овој проект ќе резултира со голем бенефит за земјоделците кои како производители на разни земјоделски култури ќе имаат можност за планирање и зголемување на нивното производство, како и голем придонес во подобрувањето на квалитетот на земјоделските производи, вели директорот на ЈП “Стежево“, Менде Граматковски.

Јавното претпријатие Стрежево ќе го проширува системот за наводнување и понатаму се со цел ги опфати сите земјоделски површини кои не се под хидросистемот и да зафати опсег на сите ниви од Пелагонискиот регион.-Во нареден период ќе биде испорачана вода во атарот на селата Породин, Секирани, Габалавци и во село Кукуречани. Испораката на стрежевската технолошка вода ќе биде и преку реката Шемница и Црна река до земјоделските површини на општините Могила и Новаци. Цел е технолошката вода да биде испорачана до секоја земјоделска површина од Пелагонија, рече Граматковски.

More from ВестиMore posts in Вести »