На само час и половина пред молкот пред претстојните претседатели избори заврши трибината на СДСМ на “Магнолија“ на која зборуваа претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, кои ја испратија пораката, време е европски да живееме, да бидеме херои на оваа генерација.
Премиерот Заев во последното обраќање до граѓаните пред молкот, на трибината во Битола им порача:
-Имам 3 пораки за в недела. Првата, никогаш повеќе режим. Ние тоа нема да дозволиме. Втората, заедно да чекориме по вистинскиот, европскиот пат, патот на благосостојба, на напредок. Третата, во недела, на 5-ти, во петтиот месец, да го избереме Стево Пендаровски, петтиот претседател на нашата држава.
Претседателскит кандидат Пендаровски на битолчани им порача:
-Слога внатре, интеграции, влегуваме во НАТО, ќе добиеме во јуни датум за ЕУ. Ја позиционираме нашата држава, со што дефинитивно испраќаме порака дека само со оваа опција, Заедно Напред евро-атлантските генерации се загарантирани. Истовремено велиме НЕ за враќање на Груевски и фамилијата на власт. Ќе дадам поддршка на сите позитивни проекти за граѓаните од оваа власт и која било друга власт. Нема амнестија за криминалци, ќе има право и правда за сите.
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров рече:
-На овие претседателски избори има опција напред и друг концепт што влече назад. Нас ни треба да се натпреваруваме кој побрзо, но во ист правец. Да ги поразиме убедливо во недела и да им помогнеме да пораснат, повика министерот за надворешни работи и побара од битолчани поддршка за политиките што водат Напред, што е можно со глас во недела за заедничкиот претседателски кандидат Пендаровски.
Претседателот на СДСМ и премиер, Заев, испрати повик до мајките Македонки, Албанки, Турчинки, Влаинки, Ромки, Босанки, до татковците, до младите од сите етнички заедници на одговорност за иднината и во име на натамошен економски напредок на државата.
-Од мултиетничка Битола ја испраќам пораката, направете чекор за вашите деца, се одлучува иднината на земјата.
Тројцата говорници на трибината во Битола на крајот одговараа на прашања кои до нов ги испратија битолчани.

Трибина на СДСМ во последниот ден пред молкот за претседателските избори (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Генерал Филм Студио“ со награда за најдобар спот на “Netët e Klipit Shqiptar“ во Тирана (фото)
- Членовите на Сојузот на борци од Битола и годинава го испочитуваа Маршалот Тито
- Од полноќ ново поскапување на горивата, дизелот +2,5 денари, бензинот +2 денари
- Од 7 до 9 мај во Битола нов градски фестивал посветен на виното (фото)
- Спортска академија Битола со предавање за спортската психологија како предуслов за успех во спортот (фото)





