Press "Enter" to skip to content

Реми во Битола, доволно за Струга да се промовира како прволигаш (фотогалерија)

Пелистер – Струга Трим Љум 1:1 (о:1)Екипата на Пелистер не успеа да го победи лидерот на табелата екипата на Струга Трим Љум, а по ремито 1:1, само им го честита големиот успех, пласманот во Првата фудбалска лига, на две кола пред крајот.Двете екипи имаа свпј период од играта, а екипата на Струга Трим Љум го имаше првиот дел кога поведе во 37. минута со 1:0 со голот на Дејан Цветаноски.Пелистер подобро почна во вториот дел, кога Дарко Крстески ги внесе Исмаили и Наумоски. Дури и “зелените“ постигнаа израмнувачки гол, но истиот беше поништен заради недозволена позиција. По половина од играта во вториот дел битолчани ја материјализираа превласта и израмнија со прекрасната дијагонала на Филип Бошковски.