Press "Enter" to skip to content

По водство од +9, Пелитер поразен во Битола (фото)

Пелистер – Металург 37:41 (21:17)

Екипата на Пелистер по водството од 9 голови кое го имаа во завршницата на првото полувреме, дојдоа да загубат во Битола од екипата на Металург, во шестото коло од плеј-офот, а овој пораз е сличен на оној кога загубија во Скопје, исто така во завршицата.Пелистерци почнаа мотивирани експресно стигнаа до +3, а добрите одбрани на голманот Харис Плех им овозможи на домаќините да ја зголемуваат предноста по што стигнаа до  +8. Од 25 минута од првиот дел падна играта на Пелистер и на одмор отидоа со +4.

Вториот дел подобро го почнаа гостите, најмногу благодарение на Шпенде и крилата, веќе во 43. минута резултатот беше израмнета, а во 50. минута беше  31:34, за на крај скопскиот тим извојува победа од 37:41.Дел од публиката по лошите резултати, поразите од Бутел и Пролет и овој од Металург истакна транспарент со кој побара и одговорост.