Press "Enter" to skip to content

Свечено отворен Велигденскиот турнир на КК Младост (фотогалерија)

Пред околу 1.000 љубители на кошарката во спортска сала “Боро Чурлевски“ беше отворен деветтиот меѓународен Велигденски кошаркарски турнир во организација на на кошаркарскиот клуб Младост и Општина Битола, а потпомогнат од кошаркарскиот клуб Пелистер, Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски.Годинава турнирот е најмасовен меѓународен собир на млади кошаркари и кошаркарки во Битола и државата со околу 530 учесници, а годинава учествуваа 26 екипи од Македонија, Хрватска, Бугарија и Србија, Косово и Италија.Инаку ќе се игра во 4 категории во машка и женска конкуренција, плус ветерани над 40 години во машка и женска конкуренција.Вкупно во сите категории ќе има 26 екипи, а натпреварите ќе се играат во пет спортски сали, “Боро Чурлевски“, “Павел Шатев“, во економско, медицинско и Горната Гимназија. Ќе има доста интересни натпревари, а ова ќе биде тест за сите екипи кои ќе учествуваат да видат до каде се стигнати во однос на другите екипи од регинот. Секако во таа приказна сме и ние како екипа која негува младински категории.Во име на градоначаничката Наташа Петроовска, турнирот за отворен го прогласи советникот во Советот на Општина Битола, Жаклина Наумовска, која на сите учесници им посака успешни натпреварувачки денови и убав престој во Битола.Во музичкиот дел на свеченото отворање настапи имаа и на членовите од Танцовиот спортски клуб “Стап-ап“ од Битола.По свеченото отворање се одигра натпреварот помеѓу екипите на Младост и Подензано, за кошаркари родени 2008 година и помали.Пред почетокот на натпреварот екипата на Младост во знак на собра соработка помеѓу двата клуба од екипата на Подензано доби порарок, комплет дресови за младинската екипа.