Press "Enter" to skip to content

Оставка на спортскиот директор на РК Пелистер, Златко Димитровски

Со поразот од екипата на Металург во Битола, и со претходните порази од плеј-офот од Супер ракометната лига, екипата на Пелистер тешко ќе стигне до планираното место на табелата кое нуди европска есен, а до тоа ќе стигне само со победи во преостанатите натпревари.

По вечерашниот пораз на Пелистер, прв одговорност презеде спортскиот директор Златко Димитровски, кој на бордот на диртектори им ја понудил оставката, за која денес или утре ќе се расправа.

Покрај спортскиот директор Димитровски на мета на навивачите се најде и тренерот Јошко Петровиќ, а нетпеливоста меѓу нив започна по отстранувањето на Чантурија од тимот на Пелистер по меѓусебната расправија.

Екипата на Пелистер не избори и завршница од Купот, по поразот од Бутел во Скопје.