Press "Enter" to skip to content

Според ДИК, по 100% обработени резултати, Пендаровски претседател, во Битола Силјановска-Давкова пред Пендаровски со 285 гласа

Стево Пендаровски е идниот претседател на државата на петтите по ред претседателски избори, по победата во вториот круг, по преброени 100 проценти од гласовите.Стево Пендаровски: 436.212 или 51,66%

Гордана Силјановска -Давкова:  377.713 или 44,73%

Неважечки ливчиња: 30.442 или  3,61%Според Државната изборна комисија по комплетната обработка на податоците од 169 избирачки места од страна на Општинската изборна комисија, кандидатите за претседател на претседателските избори 2019 година во општина Битола добиле:

Гордана Силјановска -Давкова: 21.612 гласови или 48,52%

Стево Пендаровски: 21.327 гласови или 47,88%

Неважечки ливчиња: 1.599 или 3,59%Според ДИК од вкупен број на избирачи во избирачкиот список 81.826, во општина Битола гласале 44.538 лица или 54,43%.Вкупен број на важечки гласачки ливчиња изнесува 42.939, а неважечки ливчиња се 1.599.

More from ВестиMore posts in Вести »