По поднесувањето на оставката и прифаќањето од страна на клубот, сега веќе екс спортскиот директор на РК Пелистер, Златко Димитровки, упати писмена порака до јавноста.
Во неа тој вели:
-После неколку последувателни порази на клубот, врз кои не можев да влијаам директоно и покрај сите вложени напори, одлучно решив да ја преземам цела одговорност врз себе, поднесувајќи оставка од фунцијата спортски директор.
Морам да напоменам дека на претходниот натпревар не подлегнав на никаков притисок од страна на поединци од трибините, бидејќи мислам дека е и повеќе од јасно за какви луѓе станува збор, исто како и какво ниво на немање на спортска култура се работи.
Тоа е група луѓе кои преку етикирање, навредување, провоцирање, сакаат да направат притисок врз сопствените играчи, тренерот па и другите од клубот.
Екипа се сака и кога победува и кога губи, за Пелистер се навива со срце и најважно, се навива за спорт, а не за политичка партија.
До сега, па и низ цела моја кариера како домашен и како интернационален играч не сум видел навивачка група да навива против својот тим.
Да не бидам сфатен погрешно ова се однесува на групата луѓе кои правеа притисок на клупата на Пелистер додека траеше натпреварот против екипата на Металург.
Како и да е, сакам да се заблагодарам на целата публика која беше со нас, оние кои навистина го сакаат Пелистер.
Пелистер е дел од мене и моето семејство кое веќе три генерации оставиле трага на ракометниот битолски терен.
Со чиста совест си одам и му посакувам многу големи успеси во иднина на екипата во која се уште верувам.
РК Пелистер, не почна, и нема да заврши со нас.






