Press "Enter" to skip to content

“Чкембарите“ со реакција на изјавата на Димитровски

По писмената изјава на Златко Димитровски по прифаќањето на оставката од Управата на РК Пелистер со соопштение се јави и навивачката група “Чкембари“.

Со нивната реакција се вели:

ПЕЛИСТЕР СЕ САКА И КОГА ПОБЕДУВА И КОГА ГУБИ.

По 15 години само порази и ниту еден единствен успех ние сме сè уште тука, не го напуштаме нашиот клуб.

Дали спортски директоре знаете колку проекти за европски Пелистер сме поддржале? Дали знаете колку пати не излагале? Дали вие во овие година и пол, се до вчера сте почувствувале некаков притисок, навреда и слично?

Напротив, од старт ве поддржувавме, верувавме во вас. Кој успех го испорачавте вие, за сега да велите дека не заслуживате исвиркувања од трибините? Не баравме да ги победите Вардар, Металург, Еурофарм Работник, сакавме само да не губиме од екипи како Бутел, Пролет и Охрид, да не доживееме дебакл од градскиот ривал.

Сето тоа што не сакавме да се случи ни се сервира во 2-3 недели. Минатата година беше истото, но имавме разбирање, нови сте, со наследени проблеми итн… Но за оваа година, после толку потрошени пари и доведени нови ракометари да го доживуваме истиот срам, нема да можи.

Ќе бараме одговорност и воедно бараме од сопственикот на АД РК Пелистер, општина Битола да си најде нов менаџмент и да проба барем малку да го обели образот на ракометна „зелено-бела“ Битола.

И да, ние не навиваме против Пелистер, само против одговорните, вие, Јошко и останатите.