Press "Enter" to skip to content

Денес, прволигашко, фудбалско, судиско деби на Благојче Ралевски

По осум години немање битолски фудбалски судија на прволигашките терени низ државата, денес Битола, ќе добие нов прволигашки судија. Благојче Ралевски денес ќе го суди прволигашкиот натпревар помеѓу екипите на Академија Пандев и Победа.

Пред поаѓањето за Струмица, поразговаравме со Благојче Ралевски за неговото прво делење на прволигашката фудбалска правда, и секако дали има трема.

-Знаете и сами кога нешто долго го очекување и постојано работите да стигнете до тоа, а во мојот случај, за прв пат да судам прволигашки фудбалски натревар, има некое посебно чуство. Не би рекол дека е трема, туку би рекол мала возбуденост, а се надевам дека кога ќе истрчам  на теренот на Акаденими Пандев, тоа ќе помине и ќе бидам стопроценти внесен во натпреварот. Денес за мене почнува ново поглавје, а тоа е прволигашко судење, а секако дека денешниот ден ќе ми остане во сеќавање, а за денешниот натпревар додава:

-Инаку, денес ќе судам прволигашки натпревар од 34. коло на ПФЛМ, помеѓу екипите на Академија Пандев, натправар кој ја нема оценката, натпревар од висок ризик, а ќе биде мое прволигашко судење.

Благојче Ралевски е долгогодишен фудбалски судија, делегиран во судиската организација од страна на Општинскиот фудбалки сојуз на Битола, а во натпеварите кои ги организира овој сојуз ги поминал сите категории.

-Започнав да судам пред девет години, почнувајки од општинските лиги, па преку Третата и Втората лига да стигнам до Првата фудбалска лига. Се надевам дека искуството кое го стекнав на овие да речам, основни фудбалски терени, ќе го пренесам во првата лига, од денес па натаму, а секако ќе ми помогне и искуството кое ги имам стекнато и како фудбалер, на другата страна од “фудбалскиот закон“.

На прашањето, како понатаму, кои му се плановите Ралевски скромно ни рече:

-Денес нема планови, денес е судиското прволигашко деби, а планот е само да го отсудам овој натпревар според правилата на судиската организација на ФСМ, а за планови од утре, со смеа додава Ралевски.

Нам ни останува само да му посакаме на Благојче Ралевски, успешна и долга судиска кариера и да ја продолжи онаму каде застанаа пред осум години битолските фудбалски судии, последниот битолски судија Љубомир Крстевски, а претходно и Менде Дивитаров, постариот Крстевски и други, а да стигне и до, секако, посакуваната титула, меѓународен фудбалски судија.

С.Ристевски