Бутел – Пелистер 32:24 (15:11)
Екипата на Пелистер по поразот во Купот е поразен од Бутел и во плеј-офот, а ова беше и битка за четвртото место кое носи излез на европска сцена наредната сезона
Домашните имаа водство од самиот почетокот кога имаа 2:0, 3:1, за потоа и 7:3. Потоа следуваа минути на Пелистер за намалување на -1 (9:8), но на одмор се отиде со +4 за Бутел (15:11).
Истата предност од 4 гола Бутел ја одржуваше и во вториот дел, а Пелистер ниту еднаш не намали под три гола негатива под три гола. Последниот дел од натпреварот целосно им припадна на домашните ракометари кои стигнаа и до +8 на крајот.
Кај Пелистер најефикасен Поповиќ со 6 и Лековиќ со 6 гола, а ова најверојатно беше и последен натпревар на Јошко Петровиќ на клупата на Пелистер.






