Планинари од државата и странство, организирани од планинарскиот спортски клуб-ПСК „Пелистер“-Битола, веќе се наоѓаат на врвот Пелистер, во рамките на 30. по ред традиционалниот планинарскиот марш посветен на првиот Македонец што го освои Монт Еврест, битолчанецот Димитар Илиевски-Мурато.
Планинарите се движат од Битола па се до “Димев Врв“ на планината Баба што се наоѓа на неколку метри под врвот Пелистер, каде и ќе се каже “некој збор“ за големиот подвиг на Мурато.
Годинава учествуваат членови на македонските планинарски клубови, гости од странство и претставници на дипломатскиот кор, а денес околу 13 часот, еден планинар ќе потсети на алпинистичките успеси на Мурато, а учесниците ќе положат цвеќе на спомен бистата на Димитар Илиевски-Мурато што се наоѓа кај планинарскиот дом „Копанки“.

Фото вест: Во тек е јубилејниот 30. планинарски марш “Димитар Илиевски-Мурато“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола врнежливо и постудено, температурата до 15 степени
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“





