Press "Enter" to skip to content

Лути пиперчиња за несовесните возачи, мото-дефиле и други настани на 11. мај денот на културата во сообраќајот (фотогалерија)

Општински Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Битола денес со низа манифестации го одбележа 11. мај, денот на сообраќајнат култура  во Битола на неколку локации и со неколку настани кои продонесоа за едукација на децата, но и возрасните за нивната улога во сообраќајот, за почитувањето на прописите и културата во сообраќајот, за тоа како безбедно да се движат, но пред сè за потребата да бидат внимателни.Во рамките на денешните активности за чија реализација не поддржаа Oпштина Битола, СВР Битола, Отсекот за превенција и началникот м-р Сашо Гилевски, раководителите на училишноте сообраќајни единици од основните општински училишта, Здружението на мотоциклисти „Ѓорги Стефановски“ и претставници од Геосфера.Безбедно поминување на одбележан пешачки премин (пешачки премин црвено-бела зебра во должина од 12 метри, сообраќајни знаци и флаери), безбедно застанување на возилата пред пешачки премин (флаери за безбедно управување на моторно возило), промоција на нови две 2 детски превентивни сообраќајни единици, STOP – сакам безбедно да поминам и ЗЕБРА – за безбедно да поминам, беа дел од настаните.-Европската транспортна платформа EPTS, веќе неколку години го промовира 11. мај како ден на културата во сообрќајот, а од минатата година кон оваа иницијатива се придружи и општина Битола. Оваа година, како и изминатата, организиравме преку низа на активности кои ги организираше Општинскиот совет безбедност на сообраќајот на патиштата: сообраќајна лектира за основнците, лимон како опомена за несовесните учесници во сообраќајот, фрешер за во автомобил како награда за учесниците кои ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, рече д-р Јасмина Буневска Талевска, претседател на Општински Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, која денес упати апел:-Секој да почне од себе и од својот дом, од своето работно место, од своите зони на домување. Ние зоните на домување ги претворивме во паркиралишта за автобуси и тешки товарни возила, а не во зони за домување и играње на деца и од таму треба да почнеме.Во текот на денешниот ден сообраќајни патроли на битолската полиција, кај стоковната куќа “Јавор“ и пред Стаклената, заедно со пионерски и младински волонтери поставија пешачки премин во црвено-бела зебра во должина од 12 метри.Исто така вршеа контрола на возачите, мотоциклистите и на пешачите, само со предупредување, без казнување. Несовесните возачи, наместо казни, денеска добија лути пиперчиња, а совесните беџови. Приврзок за кличеви добија оние што се однесуваат во склад со правилата и прописите (како знак на поддршка и понатаму да продолжат да ги почитуваат правилата).Во денешните актовности беше вклучен и секторот на СВР Битола за превенција, а портпарол на СВР Битола, Сања Стаматова за прекршоците  кои ги прават учесниците во сообраќајот рече:-Како најчести прекршоци од страна на пешаците е непочитување на пешачките премини, а од страна на возачите неприспособена брзина, користење на мобилни телефони, некористење на сигурносен појас и технички неисправни возила, за што таа нагласи дека тие преку постојани контроли и апали се трудат да делуваат превентивно.Во денешните активности се вклучија и моторциклисите од здружението на моторциклисти “Ѓорѓи Стефановски“, кои повикаа за безбедност на моторциклистите и за задолжително носење на кацига.Тие предводени од сообраќајната полиција имаа и мото-дефиле по битолските улици.